Санација на урбана опрема, детски и спортски игралишта во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода спроведува акција за санација на урбана опрема, спортски и детски игралишта во сите урбани и месни заедници на своја територија.

Како што информираат од општината, досега целосно реконструирани и обновени се детските игралишта на улиците „Јабланица“, „Димо Хаџи Димов“, „Малешевска“, „Киро Фетак“, во МЗ Подстаница, во месноста Дупки, а обновени се и две детски игралишта во село Драчево.

Дополнително, на две јавни чешми во село Драчево поставени се информативни табли за забрането пиење на водата, додека, во повеќе месни и урбани заедници поставени се и 14 табли за забрането фрлање на шут.

Акцијата, како што информираат од општината, продолжува се до завршување на активностите за реконструкција и обнова на урбаната опрема на цела територија на локалната самоуправа. Активностите ги врши фирмата „29 Ноември“ – Скопје.