Самсоненко драстично ги намали цените - билет за Вардар-Фенербахче речиси џабе за сите!

Во врска со билетите за натпреварот Вардар-Фенербахче, одлучив да ги продаваме сите билети по единечна цена од 300 денари, без разлика на сектор или трибина, напиша во своето проштално писмо сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко.

-На сите кои купиле билет по стара цена, средствата ќе им бидат рефундирани. Напред Вардар!, напиша Самсоненко.

Тој со писмо и се обрати на јавноста во Македонија во кое изјави дека оваа сезона ќе биде последна за него како предводник на македонскиот спортски бренд.