Самоубиство во Скопје: Маж се обесил во својот стан

Околу 21 часот и 20 минути во Скопје, на булеварот „Кочо Рацин“ маж се самоубил во стан.

Се работи за 68-годишниот М.Ќ. кој се обесил во својот стан.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и  увидна екипа на СВР-Скопје, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.