Б.А. бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот.

Вчера во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, С.А. пријавил дека неговиот татко Б.А. (60) се самоубил со бесење.

Б.А. бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 13,00 часот била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на Јавен обнител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.