Самоубиство на 60-годишен скопјанец, по смртта утврдено дека е позитивен на коронавирусот

Шеесетгодишен скопјанец денеска си го одзел животот, а обдукцијата покажала дека е позитивен на Ковид 19, дознава Алфа.

Неговото безживотно тело било пронајдено во скејт парк, во градскиот парк во Скопје. Нема информација дали тој е дел од починатите лица за кои информираше министерот за здравство Венко Филипче.

-Според наши неофицијални податоци, сега починатиот наводно барал да се тестира претходно. Оваа информација не успеавме да ја потврдиме, како ни дали лицето било во самоизолација, известуваат од Алфа.