Самотијата е најдобар учител затоа што ќе ве научи како сами да чекорите низ мракот!

Се навикнав на својата самотија. Понекогаш ми пречи, но понекогаш е толку пријатна. Чувствувам некаква сигурност кога знам дека никој нема никаква моќ над мене и дека никој не е доволно блиску за да може да ме скрши.

Колку и понекогаш да ме плаши, толку и ми е позната. Најдобро ја познавам од се, таа не се менува и не ме изненадува, таа е како старите и драги пријатели кои поминале се и сешто заедно со мене и таа е пријател кој бил тука за мене кога никој не бил.

Понекогаш ме боли, но истовремено ме лечи. Ми ги полни очите со солзи, но на површина ги вади сите мои таленти, сета моја длабочина, добрина и сила. Ме прави слаба се додека не ме зајакне и некогаш е на граница да ме убие пред да ме врати назад во живот.

Заради самотијата останувам будна до доцна во ноќта, но и спијам помирно. Го сакам фактот дека не постои никој кој може да ме лаже,  да ме повреди, ниту пак некој кој ќе се плашам да го изгубам.

Самотијата е пријател кој не сакаш да го поканиш, но секако доаѓа во твојот живот и прави да се чувствуваш подобро. Како да имаш барем некој на твоја страна, некој кој нема да се откаже од тебе и некој кој ќе биде до тебе кога ќе го допреш дното.

Иронијата е во тоа што луѓето ја потценуваат самотијата и тврдат дека немаат никој покрај себе. Осаменоста е една моќна личност, дух, слон во собата кој некогаш тешко може да се поднесе.

Но, мислам дека сме сами со причина. Осаменоста е нашиот најдобар учител. Те учи на трпение, издржливост, преживување, но и те учи да размислуваш, да преиспитуваш и да бараш или создаваш нови одговори. Најважно од се, те учи дека не можеш да побегнеш од самиот себе, дека не можеш да побегнеш од сопствените мисли, чувства и гласови во главата.

Те подучува дека си заглавил засекогаш самиот со себеси и дека тоа треба да го засакаш. Те подучува како да се соочиш со сопствените демони и предизвици предизвикани од сопствените несигурности, како да се поправиш самиот себе и да чекориш низ мракот самиот со себе. Но, те учи и како да чекориш низ светлината.

Ако погледнеш малку подобро, таа самотија е всушност се она што си ти.