Само пет проценти од домовите во Македонија се осигурани

Само пет проценти од домовите во Македонија се осигурани, а опаѓачки тренд има кај осигурувањата од катастрофални ризици, како земјотреси и поплави, како и кај осигурувањето на земјоделските површини.

Лани се продадени нешто над 39 илјади договори за осигурување од поплави, за разлика од преклани кога ги имало повеќе од 44.000.

Помалку од 6.000 домаќинства лани си ги осигурале домовите од земјотрес, за разлика од 2016 година, кога тоа го направиле околу 9.000.

Во истиот период бројот на земјоделски осигурувања речиси се преполовил.