Само еден детал на вашето лице ве открива каква личност сте

Не постои начин да сокриете вистинското ЈАС, без оглед на тоа колку се трудите.

Ако очите се огледало на нашата душа, нашите веѓи се рамката која открива многу за тоа каква личност сме.

Обични веѓи – Вие сте личност со традиционални вредности која кај другите ја цени нивната искреност и интегритет. Во исто време, не сакате драми и никогаш нема да драматизирате, без оглед на тоа колку нешта ќе се случат.

Долги веѓи – Вие сте личност која може да излезе на крај со секаков вид на луѓе и стрес. Ако припаѓате на овој тип, можете да ги решите сите ситуации во кои ќе се најдете, без некаков проблем.  Ретко зборувате за тоа со другите, бидејќи верувате дека тоа е само ваша одговорност.

Кратки веѓи – големо внимание обрнувате на деталите и секогаш сте подготвени да ги браните своите ставови. Не сакате да ги слушате другите да се жалат за проблемите, бидејќи верувате дека секоја личност понекогаш има тешкотии да излезе на крај со тешките ситуации.

Густи веѓи – потполно сте сигурни во својата внатрешна сила и внатрешна приватност. Многу лесно можете да излезете на крај со животните конфликти, а штом еднаш се фокусирате на нешто – незапирливи сте.

Тенки веѓи – тенките веѓи се знак на деликатност. Конфликтите не се наоѓаат високо на вашата листа на приоритети и многу често ги избегнувате. Одлучни сте кога некого треба да сослушате и многу сочувствителни.

Заоблени веѓи – овие веѓи се знак за добрина и внимание. Никогаш не сте рамнодушни кон проблемите на другите и во секој момент сте подготвени да ја понудите својата помош. Вие сте личност која секогаш сака да им помогне на другите.

Речиси прави веѓи – овие веѓи укажуваат дека имате аналитички ум и рационално размислувате. Вас најдобро ве опишува изреката „три пати мери, еднаш сечи“. Многу сте претпазливи и секогаш одмерено постапувате.