Салата „Партизан“ се враќа во владение на oпштина Карпош

Спортската сала „Партизан“ се враќа во владение на Општина Карпош. Во прашање се денови на доделување и завршување на сите формално-правни процедури.

Ова е победа на урбаното, модерното, на традицијата, на спортот, победа за „Партизан“ како препознатлив бренд на Карпош и на нашиот Град Скопје. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Карпош Стефан Богоев на одбележувањето на 43 години од основањето на оваа Општина.