Сала за гимнастика ќе се гради во Карпош

Во близина на бензинската на „Макпетрол“ на „Илинденска“ планирана е изградба на сала за гимнастика и објекти за потребите на Македонски олимписки комитет.

Општинарите појаснуваат дека со урбанистичката планска документација, практично, ќе биде дозволена изградбата на објектите со оглед на тоа дека за посочените парцели нема детален урбанистички план.