Сакате да сте посреќни? Намалете го хаосот во вашиот живот

Без оглед на тоа дали имате проблеми на работа, во врската или пријателствата, или пак имате премногу обврски, стресот зафаќа голем дел од животот. Иако можеме да се надеваме на најдоброто, дека тој едноставно ќе исчезне од нашиот живот, сепак на нас останува да преземеме нешто.

Ова се мали навики кои можеме да ги вметнеме во нашето секојдневие, а кои ќе ни помогнат да се ослободиме од хаосот, а и стресот во нашиот живот.

Направете си распоред

Не мора да седнете и да правите големи распореди, туку едноставно размислете колку време ви зазема секоја од задачите и одговорностите кои ги имате во текот на денот. На тој начин, ќе си помогнете да бидете поорганизирани, но и посвесни за тоа колку време ви е потребно за различните работи, без оглед на тоа дали сакате или не сакате да ги правите.

Ослободете се од хаосот во вашиот дом

Наместо да собирате работи кои никогаш нема да ви бидат потребни, одвојте еден ден да се ослободите од старите предмети, облеката и другите работи кои не ви се потребни. На тој начин, ќе создадете повеќе простор, а и ќе имате можност да го организирате тој дел од домот кој ви создава нервоза.

Не брзајте премногу

Немојте да мислите дека работите се одвиваат преку ноќ. Одете чекор по чекор за секоја работа која планирате да ја направите и не се оптоварувајте премногу ако работите не се одвиваат онака како што вие сте замислиле. Пуштете ги да се одвиваат по својот тек и опуштете се.

Направете план кога да се видите со пријателите

Без оглед на тоа колку сте зафатени, најдете време за своите пријатели. Не ја заменувајте реалната конекција со социјалните мрежи со оправдувањето дека сте премногу зафатени со различни обврски. Гответе заедно, одете на кино, одете на вежбање, сретнете се за пијачка. Ислушајте ги и дозволете тие да го направат истото.

Минувајте време во природа

Голем дел од нервозата и главоболките се јавуваат бидејќи минуваме премногу време внатре, во затворени простории заглавени со технологијата. Одете на прошетка за време на паузата, најдете време да седнете на клупа во паркот после работа. Не мора да биде сложено и долго, доволно е да го избистрите умот во природа.

Не заборавајте на сонот

Не го одложувајте одењето на спиење. Посветете голем напор да одите на спиење во време кое вам ви одгова и да спиете 8 часа во текот на ноќта. Не наоѓајте причини да го одложувате сонот и да останувате доцна.

Развијте рутина за релаксација

Најдете време по работа или училиште да креирате навика која ви помага да се релаксирате. Тоа може да е книга, филм, серија. Најдете нешто што ќе ви помогне да ги наполните батериите и ќе ве подготви за утрешниот стресен ден.