Сакате да патувате со туѓо моторно возило во странство- еве кои документи ви се потребни

Не е исто да заминете на пат со свое и со туѓо моторно возило. За да одите во странство со автомобил, кој не е ваша сопственост, потребни ви се одредени документи.

Одобрението за управување на туѓо моторно возило  е меѓународен документ кој е неопходен за патување надвор од граництие на Македонија, доколку државјанинот на Република Македонија треба да патува со возило кое не гласи на негово име, односно, кога сопственикот на возилото не патува во возилото.

Дозволата за управување на туѓо моторно возило  се издава само на државјани на Република Македонија, што значи дека доколку корисникот нема валиден македонски пасош, нему не може во ниеден случај и по ниеден услов да му биде издаден овој документ.

Одобрението за управување на туѓо моторно возило се издава со важност од една година од денот на издавањето. При тоа овој документ може да се издаде со важност помала од една година, доколку сопственикот на возилото изрази таква желба.

Потребни документи:

-Барање за издавање на одобрение за управување со туѓо моторно возило во странство;

- Важечка лична карта на сопственикот на возилото;

- Овластување од правното лице;

- Важечка патна исправа на корисникот (лична карта/пасош број);

- Регистарски таблици на возилото;

- Марка и тип на возилото;

- Сериски број на сообраќајната дозвола;

-Датум на издавање;

- Период на важење и

- Сериски број на одобрението.