Сакате да бидете здрави? Наместо да ја промените исхраната, прво променете го начинот на размислување

Сите разбираме што значи болен стомак, грло, уво. Но, колку разбираме кога всушност душата е болна?

Познатиот руски проторереј Андреј Ткачов говори што е потребно за човек да си го поправи здравјето и што е уште поважно, што забораваме често за силата на телото и духот и нивната меѓусебна, нераскинлива врска.

„Можете да имате здравје, но да немате среќа, како и обратно, да имате среќа, но да немате здравје. Луѓето денеска се опседнати со здравјето, и јасно е дека секој од нас сака да биде здрав, но тоа не е тоа што може да ни донесе среќа. За среќа и потполно здравје, треба да се тргнеме од премногу модерниот начин на размислување на кој сме навикнете и да се одалечиме од материјалните работи кои денес се важни за живеењето. ”.

На пример, зависта и љубомората штетат на нашето здравје, тие го уништуваат црниот дроб. Постојаната потреба да имаме повеќе и повеќе го уништуваат нашто здравје и организам.

Така, за да бидеме здрави, душата мора да ни биде здрава, а тоа значи исчистена од лошите емоции кои не јадат одвнатре и се пренесуваат на остатокот на телото.

Затоа, наместо да ја промените исхраната, сменете го начинот на размислување. Наместо исфрлување на шеќерите, од животот исфрлете ги внатрешните отрови.