Сакам старомодна љубов: Не ми треба статус на Фејсбук, туку искреност, романтика и внимание!

Сакам старомодна љубов во која работите одат полека, каде не скокаме веднаш со најголема брзина. Сакам да одам на состаноци, сакам да ја разберам личноста и да ги слушам нејзините приказни, да гледам како се однесува во живот, а не на интернет.

Сакам некој да ме повика на вистински состанок, а не на незадолжително излегување. Сакам да поминам часови подготвувајќи се и танцувајќи во соба со пријателките. Сакам да дојде по мене и да имам пеперутки во стомак додека одам кон неговиот автомобил.

Сакам да седам со него во ресторан и сериозно да разговарам за важни работи. Не сакам да слушам оговарања, ниту па зборувам за најновите трендови. Сакам да разговарам за животот и за тоа откаде доаѓаме. Сакам да слушам што има да ми каже додека седи отспротива мене и сакам тој истото тоа да го прави за мене. Не сакам со неговиот телефон да се натпреварувам за внимание.

Сакам подоцна да одиме на прошетка, затоа што вечерата прошла толку добро. Сакам да одам под улични светилки, да се смејам и да се чувствувам полна со надеж. Сакам да ме однесе дома и да ме испрати до влезната врата. Сакам да ја почувствувам онаа нервоза и возбуда околку тоа дали ќе ме бакне пред да си отиде или неочекувано ќе ја поминеме ноќта заедно и веднаш ќе ја забрзаме работата.

Но, највеќе од се, сакам навистина да го каже тоа што го мисли кога ќе ме испрати до дома. Сакам да биде искрен во врска со тоа дали му било забавно и ако ми каже дека ќе ми се јави или  дека ќе се видиме повторно, сакам да си стои на зборот.

Не сакам со денови да чекам и да се надевам дека ќе ми прати смс порака или дека ќе напише нешто за мене на социјалните мрежи. Сакам да ми се јави, сакам да го чујам неговиот глас. Не сакам игрички, не сакам правила, сакам искреност и сакам да биде директен со мене.

Ако се пројде добро и ако се јави, сакам старомодна љубов. Сакам да дојде и да ме изненади со цвеќе и сакам да ми ја придржи вратата затоа што така се прави тоа. Не сакам подароци, не ми треба статус на Фејсбук, само сакам некој директен и искрен. Некој поради кој нема да се преиспитувам дали ме сака и дали сака да биде со мене.

Сакам да ми донесе нешто кога ќе бидам болна. Сакам некој кој ќе планира излети за кои јас нема ништо да знам. Сакам некој кој ќе прави најромантични ситници за мене затоа што тие ситници се најважни.

Сакам некој кој ќе се бори за нас кога работите ќе станат тешки и нема да си отиде. Сакам некој со кого ќе можам да разговарам за нашите проблеми. Сакам некој кој нема само да стане и да си отиде, затоа што проблемите се неизбежни, но секогаш може да се најде решение.