Сакам да им се заблагодарам на сите кои се нарекуваа мои пријатели...

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме лажеа, бидејќи ми ја покажаа вредноста на вистината.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои не веруваа во мене, бидејќи ми дадоа сила со која можам да поместам и планини.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме изневерија и кои ги злоупотребија моите чувства, бидејќи направија да се разбудам.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме повредија, бидејќи ме научија како да ја победам болката.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ме искористија и изневерија, бидејќи ме научија како да останам ладна.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ми нанесоа болка, бидејќи со тоа ја открив мојата издржливост.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ги исмејуваа моите цели, бидејќи ме направија уште поамбициозна.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои ја злоупотребија мојата доверба, бидејќи ме направија уште повнимателна.

Сакам да им се заблагодарам на сите кои се нарекуваа мои пријатели, бидејќи ми покажаа што никогаш не треба да направи еден пријател.