Сакајте ги луѓето додека се живи, не им требате потоа

Ова е една вистина која треба да ја запаметите. Затоа размислете како се однесувате по кавгата со вашите родители, размислете какви нешта им кажувате на своите блиски, колку ги игнорирате, колку заборавате на нив. 

Грешки правиме постојано. Но, треба да научиме дека човек се сака додека е жив. Потоа, тоа не им значи ништо. 

Затоа, размислете пред да го прекинете контактот со пријателите само онака затоа што ви е важна гордоста. Запаметете го ова и кога во секоја битка сакате да излезете како победник и кога во само еден час би оставиле позади себе пријателство кое траело со години. 

Не е најважно кој е попаметен, поубав, побогати посилен.

Луѓето се сакаат додека се живи, после тоа не им требаат солзи, убави зборови и потсетување на заедничките спомени. Тогаш е веќе доцна. 

Ако некој ви направи нешто лошо а ја сакате таа личност, запишете го во песок а не во камен.