Саем за вработување и кариера по тринаесетти пат

Тринаесеттиот по ред „Саем за вработување и кариера 2017“ официјално ќе се отвори на 3.4.2016 (понеделник), во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и ќе трае до 12 април. Станува збор за настан на кој студентите можат да се информираат за сѐ што нудат компаниите-учеснички, како и за потенцијално идно работно место или практика. Компаниите имаат можност да стапат во контакт со своите потенцијални работници. 

- Нашата цел е да ги доближиме амбициите на студентите поблиску до компаниите и да бидеме дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година саемот се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании - информираат организаторите.

Тие додаваат дека студентите треба да ја остават својата кратка биографија на www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании-учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година. Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, тренинзи, презентации и натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите што се нивна цел.