Саем за мебел годинава нема да има

Саем за мебел годинава нема да има. Манифестацијата нема каде да се одржи. Вакво известување од Скопски саем деновиве добиле компаниите кои се пријавиле за учество на оваа манифестација.

По продажбата на халите и земјиштето на скопскиот саем, организацијата на саемските манифестации станува сѐ понеизвесна. Нов сопственик на локацијата каде се одржуваа саемите е „Балфин груп“. По ланската купопродажба, дел од саемските манифестации се одржаа во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Бугарската компанија Кардфинанс е новиот сопственик на Скопски саем.Првиот проблем за одржување на саемите излезе кога беше Технома, во октомври лани, но тој саем се одржа во хали на Конгресниот центар Борис Трајковски. 

Саемот за мебел е еден од најпосетуваните саеми затоа што фирмите изложуваат и продаваат мебел со поволни цени. Во последните години има многу купувачи и од повеќето земји од регионот.