Саем за деца и родители во Skopje City Mall

Овој викенд Skopje City Mall организира Саем за деца и родители, настан кој благодарение на различните активности кои се атрактивни за сите возрасти - ги спојува семејствата и прерасна во традиција за трговскиот центар.

И оваа година, сите кои ќе го посетат Skopje City Mall од 18 до 20 ноември, ќе уживаат во шопинг на попуст и многу изненадувања. Од центарот најавуваат големо отворање во петок во 18:30 часот со првото Kids disco и парада на маскоти. Програмата е сочинета од Арт работилници каде што ќе се креираат уметнички дела и ќе се цртаат чудовиштата на Zipit. За време на викендот ќе следуваат танцови перформанси, бесплатен зумба час за деца и родители, како и уникатно детско Fashion Show. Покрај големиот број на активности, забава и изненадувања, за време на саемот ќе има и попусти во повеќето продавници за детска облека, играчки и други производи кои ќе достигнат и до 50%. Дел од нив се Sportvision Kids, Office Plus, Просветно дело, Кимико, Крш тојс, Wenice, Okaidi, Chicco, Bebe home, Lapin house, Extreme intimo, Bebe confort и други.

Сите кои сакаат да бидат дел од настан кој измамува насмевки најпрвин кај најмалите, а потоа и кај повозрасните, се добредојдени да го посетат Skopje City Mall овој викенд. Целосната програма може да ја погледнете на www.skopjecitymall.mk/saem-za-deca.