Садење на зимзелени садници во ОУ „Лиман Каба" во селото Љуботен

Денеска, на шестиот ден од одбележувањето на Денот на екологијата, тема беа активностите на учениците од ОУ "Лиман Каба" во село Љуботен под наслов: КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ.

Денешни екомотиватори беа професорот од Природно Математичкиот факултет Ивица Милевски и професорката Беса Лужа како и преставници од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Градоначалникот Велимир Смилевски ја отвори денешната манифестација,и во своето поздравно обраќање се осврна на природните убавини и пријатните климатски услови кои токму ова скопско село ги поседува, и притоа упати апел до сите жители за несебичен придонес во зачувувањето на оваа средина.

Присутните ученици упатија прашања кон присутните екомотиватори како и Градоначалникот Смилевски,кои се развија во една богата дебата на која беа дадени одговори за мерките кои локалната самоуправа ги превзема како и програмата за зачувување на животната средина во текот на наредниот период.

По завршувањето на културно-уметничката програма на која настапија ученици од основното училиште во село Љуботен ,,Лиман Каба ,, ќе бидат насадени и повеќе зимзелени садници.