Садење ели во рамки на 19-та акција на „Ден на дрвото“

Со засадување семе од ела во дворот на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром денеска ќе се реализира 19-та акција на „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина!“ и шестата „Садница плус“. 

Под мотото „Од семче до дрвце - Ден на дрвото“ почнува одбележувањето на јубилејот, десетгодишното постоење во низа на акцијата „Ден на дрвото“. 

Освен учениците, семе ќе садат и децата од градинката „Буба Мара“, клон „Сонце“. Семе ќе се сади во сите основни училишта во Република Македонија, во рамки на одделенскиот час без да се наруши наставниот процес. 

Предвидено е да присуствуваат претставници на граѓанското здружение „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, од повеќе министерства, од Град Скопје, општина Аеродром, јавните претпријатија „Македонски шуми“ и „Паркови и зеленило. 

Семето од ела за оваа акција е собрано во Националниот парк „Пелистер“.