Ретро
29. октомври 2016 - 10:25

Саат Кулата во Скопје - Споменик вреден за почит ! (ФОТО)

Саат-кулата во Скопје е шестокатна саат-кула, која се наоѓа северно од, но во склоп на Султан-муратовата џамија. Подигната е во периодот од 1566 до 1572 година.

Таа била првата саат-кула на територијата на Османлиската држава.Механизмот на саатот бил донесен од саат кулата во Сигет, Унгарија, по неговото заземање од страна на Турците. Изградена е на темелите на порана средновековна одбранбена кула. Некогаш била дрвена, но подоцна била преградена со тули.

Според сознанијата, кулата била изградена во периодот од 1566 до 1572 година, а часовникот бил донесен од освоениот унгарски град Сигет.Нејзиниот долен ѕидан дел, всушност, е остаток од една од четирите кули во составот на бедемите кои го заштитувале манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“. Во палежот на градот и големиот пожар од 1689 година, кулата претрпела голема штета, но сепак останала во првобитниот облик сè до 1904 година, кога по наредба на валијата Хафиз-паша била преуредена и го добила денешниот облик.

За време на земјотресот во 1963 г., на саат-кулата ѝ биле нанесени големи штети и притоа бил изгубен часовниот механизам. Подоцна, градбата на саат-кулата била обновена, но без нејзиниот часовен механизам.Новите часовници на кулата биле додадени на 26 мај 2008 година, во рамките на проектот на Општина Чаир за нејзина реконструкција.