РСБСП: Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, гаранција за безбеден сообраќај

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) порачува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е гаранција за безбеден сообраќај и апелира возачите да возат одговорно и внимателно, како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбедно да пристигнат на саканата дестинација.

-Сите ние секојдневно сме учесници во сообраќајот и секојдневно сме сведоци на голем број негативни примери на непрописно и опасно учество во сообраќајот, непочитување на сообраќајните правила и прописи, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација, ниско ниво на култура, етика, толеранција и ниско ниво на меѓусебно почитување помеѓу учесниците во сообраќајот,  велат од РСБСП.

Ваквата состојба, потенцираат, резултира со голем број на сообраќајни незгоди и голем број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, и додаваат дека нивните анкети покажуваат дека околу 50 отсто од возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните знаци и поставената сообраќајна сигнализација.