Рози за дамите: Богоев на дружба со карпошани

По повод празникот Св.Трифун и Денот на љубовта кој се празнува на меѓународно ниво, Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска се дружеше со дел од повозрасните  и социјално загрозени лица од Општината.

Примарната цел е да се покаже почит и разбирање кон овие наши сограѓани, не само денеска туку во текот на целата година преку низа проекти и активности.

Градоначалникот Богоев ги поздрави присутните карпошани и им ги честиташе двата празника. Тој одговараше и на дел од нивните прашања кои се однесуваа на секојдневието, работата на локалната самоуправа и новите проекти.