„Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите“ претпремиерно во Скопје

Новиот холивудски хит, ексклузивно од вечерва ќе игра во кино Милениум, претпремиерно од 20 часот, во 3Д.

Од Лукасфилм доаѓа првиот филм од серијалот Војна на ѕвездите, со самостојна приказна,„Роуг 1: Приказна од Војна на ѕвездите“, потполно нова епска авантура.

Во ерата на судири, група неочекувани јунаци се здружува во мисија на која мора да ги украдат нацртите за Ѕвездата на смртта, најмоќното разорно оружје на Царството.

Клучниот настан во хронологијата на Војна на ѕвездите собира обични луѓе што одлучуваат да прават исклучителни нешта, а притоа стануваат дел од нешто поголемо од нив самите.