Ротвајлерот од Вардариште сепак нема да биде усмртен

Како што пишуваат граѓаните на социјалните мрежи не е точна информацијата дека 9 месечната женка ротвајлер  која беше фатена од шинтерската служба ќе биде успиена.

-Точно е дека 9 месечнава ротвајлерка се нашла на погрешно место и време и е заловена од шинтерската служба! Точно е дека таа не е напаѓачот, бидејќи воопшто не е агресивна, туку напротив е мирна и мила, се вели во постот на Фејсбук.

Како што вели граѓанинот по завршувањето  на задолжителниот кандидат до 25 декември и ветеринарните прегледи и вакцинации, таа ќе биде даде на вдомување. Како што вели тој веќе се знае и вдомувачот.

-Во стационарот има уште една постара женка од истата раса која утре ќе биде вдомена кај некој од 40-те кандидат, пишува во постот.