Ротвајлерот кој искаса осуммина ќе биде усмртен

Женката која искаса осум луѓе, а е стара околу една година ќе биде усмртена откако ќе се извршат сите проверки за заразни болести.  Се уште е непознато кој е несовесниот сопственик кој откако неколку месеци го чувал го пуштил кучето на улица.

Во стационарот Вардариште годишно циркулираат околку 2000 бездомни кучиња. Во моментов се згрижени се 54, но таа бројка се менува од ден на ден. Најголем дел од нив откако ќе бидат вакцинирани и стерилизирани повторно се пуштаат на улица.

Од претпријатието Коминална хигиена апелираат доколку некој забележи агесивно куче веднаш да пријави кај нив за нивните екипи веднаш да излезат на терен и да го уловат.

Во меѓувреме продолжува расфрлањето отров низ скопските улици од страна на несовесни граѓани. Се остава насекаде, а најмногу низ парковите и игралиштата каде може лесно да дојде во рацете и на дечињата. Поставувањето на отров  е кривично дело и за таквиот чин се одговара пред законот.

Од здружението АНИМА МУДНИ бараат институциите да ја смират јавноста, да извршат истраги и да ги казнат трујачите.

Веќе се отруени десетина кучиња и уште повеќе мачки. Под притисок на јавноста општините излегоа само со штури соопшенија каде апелираат да се запре фрлањето, а од МВР пак велат дека работат на расчистување на овие случаи.