Рокот истекува утре: Проверете ги вашите даночни пријави

Само уште до утре имаат рок граѓаните да ги потврдат или да ги коригираат годишните даночни пријави. Ако тоа не го сторат до 31 мај, односно до утре, од 1 јуни Управата за јавни приходи ќе ги смета даночните пријави за конечни. 

„На 01.06.2020 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани. Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, соопштија претходно од Управата за јавни приходи.

Пријавата ги содржи сите приходи на лицето по сонов на редовни приливи односно плата или пензија и приходите од дополнителна дејност. Тоа може да се стори на системот е-Персонален данок