Рок бенд „Визија“ од Скопје е единствениот бенд од Македонија на „Егзит“ оваа година

Скопскиот алтернативен рок бенд „Визија“ ќе настапи на овогодинешниот музички фестивал „Eгзит“, најголемиот фестивал за Југоисточна Европа кој се одржува во Нови Сад.

Рок бендот „Визија“е единствениот бенд од Македонија кој ќе  настапи на овој престижен фестивал,  кој ќе се одржува од 5.до 9 јули на  Петроварадинската тврдина.

Бендот „Визија“ е составен од членовите Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ.

Неодамна го издадоа својот прв албум „Гласно!“, а до сега имаат настапено на дел од најголемите балкански фестивали.