Родители се во дилема кога е во прашање вакцинација на децата - не знаат кое е вистинското решение

Вакцинација на децата, да или не? Родителите сепак се во дилема кога станува збор за вакцина. Педијатрите апелираат за вакцинација, а многу истражувања велат дека тие имаат негативни ефекти.

Една од најактуелните теми помеѓу денешните родители е вакцинација на своите деца, потребна ли е, или пак не. Многу родители се во дилема, и не знаат кое е вистинското решение, а сите сакаат најдобро за своите деца.

Од една страна во јавноста проструија информации кои зборуваат дека токму вакцините и состојките во нив влијаат за појава на тешки заболувања, а од друга страна надлежните тврдат дека со неа се гради колективно здравје и дека нема докази за нејзина поврзаност со болести.

Дел од родителите сметаат дека вакцините се виновници за аутизам кај многу деца, имунолошки и алергиски заболувања, па дури и смртоносни болести.

Одлуката за вакцинација мора да биде оставена на родителот, затоа што одговорноста за здравјето на своето дете ја носи тој.

Вакцината според надлежните е најисплатлива здравствена превентивна мерка со која се елиминирани или редуцирани на минимум многу заразни болести од кои луѓето умирале во минатите векови.

Во ЕУ од 27 земји во 15 вакцинацијата е задолжителна, а во останатите земји дел од вакцините се задолжителни, а дел се препорачани. Задолжителни се вакцините за полио и за тетанус. Сепак, свеста на родителите во европските земји е на тоа ниво што иако не е задолжителна тие може да ги вакцинираат своите деца.