Родители (1985) vs. родители (2016)...Ако има Петар зошто моето дете да нема

Многу одамна....децата беа среќни со малите нешта, не им беше важно материјалното богатство, технологијата, фејсбукот...но дојде лошата вештерка тетка интернет со своите две ќерки модернизација и разгаленост и за многу кратко овој прекрасен и идиличен свет го претвори во целосен хаос.

Направивме една мала споредба како некогаш се воспитувале децата, а како денес:

Родител 1985 година

Прибери се цел ден си надвор

Нема да станеш од маса додека не го изедеш јадењето

Учителката те казнила сигурно не си бил мирен/а

Ако ти остане кусур купи си мастика или лижавче

Заврши цртанот сине, сега ќе почне Дневникот ајде на спиење

Не ме интересира што има Петар, мене ме интересира твоето однесување

Оди и памет во глава

Ако не учиш ќе копаш така да си знаеш

Не ме интересира кој е виновен веднаш исчистете го нередот

Немој два пати да ти повторувам

Родители 2016 година

Дај излези малку надвор цел ден си пред компјутер

Сине ако не ти се допаѓа јадењето ќе ти дадам нешто друго

Учителката те казнила како смее така со деца

Добро сине ова е веќе четвртото чоколадо во корпа

Ајде сине во кревет веќе е десет часот, а ти два часа гледаш телевизија

Ако има Петар зашто моето дете да нема

Оди ама ако се случи нешто веднаш побарај ме на мобилен

Ако учиш мама и тато ќе ти купат што сакаш

Леле што сте направиле тргнете се мама да исчисти

Јади сине, те молам јади, јади сине....