Родендените денеска ја изгубија смислата – мораш да имаш огромна скапа торта и кич декорација

Роденденот се слави еднаш во година, па едвај чекаш да дојде твојот ден. Да се чувствуваш посебно и моќно.

Некогаш и сега. Разликите огромни.

Некогаш скромна торта, се разбира домашна, која ќе прави мама. Роденден во домашна атмосфера. Неколку другарчиња од училиште и од маало. Скромни, убави и знајчни поклони. Тетратка, молив, пенкало... Колку убаво. Но, нели поклонот не е битен, важно е дека некој го цени твојот ден и е тука заедно да прославите. Дување на свеќички и пеење на роденденски песнички. Колку многу искрени и топли насмевки. Им се јавуваш на децата на телефон за да им кажеш дека ги покануваш или им кажуваш во училиште.

Денеска! Вештачки роденден. Купена огромна торта. Мора да има на неа се и сешто. Земен простор во игротека каде си ограничен да седиш само 2 часа. После сите дома. Мајките немаат време за губење во игротеки. Кловнови и некакви самовили. Декорации еден куп. Мислиш венчавка, а не роденден. Мораш да однесеш скап поклон, инаку ќе бидеш посрамен. На роденденот 40 деца. Цело одделение или сите деца од градинка. Децата на сите пријатели и роднини. Секое на своја страна. Набавуваш некакви си покани за да ги поканиш на роденден, ако нема покана, некој може и да не ти дојде. Има се е сешто, но воопшто ја нема атмосферата на еден вистински роденден кој ќе се памети.

Уште од мали децата денеска се прават да бидат големи. Детето кое слави роденден секогаш мора да носи најскапа облека, да не ги заборавиме мајката и таткото. Чекаат едвај да поминат тие 2 часа и сите да заминат дома.

Убави беа некогаш родендените имаа смисла, денеска и тие стануваат вештачки.