Рочиштето за „Рекет“ одложено порди болест на судијката

Судењето за „Рекет“ кое беше закажано за денес ќе се одложи, бидејќи судијката Васка Николовска – Масевска се разболела.

На рочиштето, требаше да се изведат материјални докази кои Обвинителството ги има против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Претходно, рочиштата за „Рекет“ се одложуваа поради болест на адвокатот Дељо Кадиев кој ја застапува Катица Јанева.

На вчерашното рочиште со повишен тон и мавтајќи со медицинска документација, Јовановски рече дека има рак на желудник на 33 години и ѝ се обрати на обвинителката Вилма Русковска со зборовите „вршите тортура врз мене, корумпирана обвинителке!“.

Следното рочиште е закажано за во понеделник.