РКЕ ја утврди тарифата за услуги за вода од наредната година

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави решенијата за утврдување на тарифи за водни услуги за регулираниот период 2018-2020 година на територија на Република Македонија.

Регулаторната комисија за енергетика за утре има најавено прес-конференција на која ќе бидат презентирани детали во врска со решенијата. Од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ за МИА потврдија дека денеска го добиле решението за утврдување на тарифата на територија на град Скопје и појаснуваат дека ова со ова почнува постапката за утврдување на цената на водата што граѓаните ќе ја плаќаат од почетокот на годината.

Посочуваат дека понатаму се формира комисија која доставува предлог до Советот на Град Скопје кој ќе ја донесе одлуката за цената на водата на територија на град Скопје.