РК Вардар: Натпреварите во следните 30 дена ќе ги играме без публика

Ракометниот клуб Вардар ги информира сите навивачи и симпатизери дека во следните 30 денови сите натпревари на кои клубот е домаќин ќе се играат без присуство на публика.

-Одлуката е донесена од Владата која забрани присуство на гледачи (публика) на сите спортски настани на територијата на Македонија, во наредните 30 дена како дел од дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот по сугестија на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство Истото се однесува за сениорските екипи и сите екипи во младински категории. Поради истата мерка нема да имаат тренинзи и натпревари ниту членовите на Ракометната Академија на Вардар, информираат од клубот.