„Риголето“ в петок на сцената на МОБ

Македонската опера и балет за 15 март го најавува  „Риголето“, едно од најголемите и најсилни оперски ремек-дела на таткото на операта – великанот Џузепе Верди.


„Риголето“ на Џузепе Верди е драма на човечкиот живот која јасно, силно и емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики кај луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста…

Трагична приказна за љубомора, одмазда и жртва. Напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“, „Риголето“ како опера е раскажана со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку уште повеќе на прекрасните арии меѓу кои и (“La Donna è mobile”), и на воопшто, убавата мелодиска структура.

Диригент: Бисера Чадловска, Режисер: Нина Најденова (Бугарија), Сценограф: Живојин Трајановиќ, Костимограф: Марија Пупучевска, Кореограф: Саша Евтимова, Киро Павлов.

Настапуваат: Ристе Велков, Наде Талевска, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Ирена Кавкалевска, Ернес Ибраимовски, Диме Петров, Катерина Стојановска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Ана Ројдева, Десанка Глигоријевиќ, Димитар Кожухаров.
Хорот и оркестарот на МОБ.