Разбирањето е најдобриот збор кој ги опишува родените во знакот Риби. Тие се многу дружељубиви личности кои често се наоѓаат во друштво на многу различни луѓе.

Нивната подготвеност да се дадат себеси во емотивна смисла се вклопува во целата слика на разбирање на другите луѓе. На Рибите им е пријатно да им бидат поддршка на другите луѓе. Покрај тоа што не се предодредени да бидат лидери, нивното присутво е многу важно во сите нешта кои ќе ги прифатат.

Рибите се воден знак и како такви се карактеризираат со силна емпатија кон другите луѓе и многу изрзен емоционален капацитет. Како и Ракот и Шкорпијата, тие често се подлабоки личности од останатите во хороскопот и тежнеат да најдат одговор и на најнеобјаснивите работи кои ги носи животот за да се чувствуваат среќно и исполнето.

Владејачка планета на Рибите е Нептун кој управува со соновите, метафизиката, психата и креативноста. Затоа, тие се карактеризираат со интуитивност и поседуваат уметнички талент. Како што е Нептун силно поврзан со музиката, така тие ги откриваат музичките склоности во најраните фази на животот или ги насочуваат кон поезија.

Длабоко во нивното срце се крие непоправлив романтичар. Тие се предадени личности, нежни и безусловно дарежливи кои имаат силни емоции. Тие се страствени љубовници кои имаат потреба да почувствуваат силна поврзаност со својот партнер. Краткотрајните врски и авантури не се својствени за овој знак. Во врските, тие се слепо верни и заљубени до уши. Сакаат нивниот партнер да се чувствува вредно и сакано.

Нежните Риби се најдобрите пријатели кои можете да ги имате. Тие често ги ставаат своите потреби под потребите на нивните блиски. Многу се приврзани, посветени, сочувствителни и ниту еден проблем за нив не е преголем. Без оглед на тоа дали ќе искрсне мал или голем проблем во семејството или кај пријателите, тие ќе дадат се од себе за да го решат. Тие често се многу интуитивни и можат да претчувствуваат кога нешто не е во ред. По природа се многу експресивни и на луѓето сакаат да им дадат до знаење како се чувствуваат.

Во кариерата, често се чувствуваат најдобро на позиции каде можат да ја изразат нивната креативност. Уште повеќе каде работата има хуманитарен аспект и каде можат посветено да работат помагајќи им на другите луѓе. Занимања кои им одговараат се: архитект, ветеринар, музучар, социјален работник и дизајнер. Нивната клучна фраза е „ јас верувам“. Многу важно за нив е тоа дека можат да бидат силно истрајни во своите настојувања и напори.

Инспирирани се од потребата да направат промени во животите на другите, и нивната желба да помогнат често ги минува сите граници. Овој знак е одличен во решавањето на проблемите.