Револтирана Скопјанка: Што стока народ сме?

Деновине на својот фејсбук профил една револтирана Скопјанка се пожали објавувајќи фотографија од нејзиниот точак, кој секој ден го паркира во влезот од нејзината зграда, чудејќи се на своите соседи.

Вели дека станарите од влезот и ја користат  корпата од точакот, како корпа  за фрлање ѓубре.  Од пластични шишиња до лушпи од банани, шприцови за силикон, хартивчиња од мастики.

„Секој ден ми фрлаат ѓубре во корпата на велосипедот. Денес цело шише со вода.  Пред некој ден најдов лушпа од банана. Пред тој ден шприц за силикон. Златца од чоколатца, мастики…секој ден. Што стока народ сме?„, пишува таа на социјалните мрежи.