Револтирана скопјанка: Сакаат кучето да ми го нахранат со игли (ФОТО)

На фејсбук профилот на Anima Mundi - здружение за заштита на животни се огласи една револтирана скопјанка која објавувајќи фотографија  од својот  двор упати апел до сите луѓе кои имаат миленичиња да внимаваат.

„Штотуку дојдов дома и во дворот ме пречека изненадување...Зошто постојат толку бедни и злобни луѓе кои им наштетуваат на животните? Оваа слика кажува какви монструми навистина постојат... Овие остатоци од риба во кои има многу игли ги најдов во мојот двор и многу се налутив затоа што и јас чувам куче, а сигурно некој се обидел да му наштети..Праќам апел да се пронаоѓаат и горат со казни ваквите монструми и психопати... Луѓе внимавајте на секого може да му се случи!“, пишува таа на социјалните мрежи.

air max 90 essential sale