Револтиран скопјанец: Ќе најдеме ли нормалана работа ние што не сме партиски определени?

Социјалните мрежи се места кои покрај тоа што се користат за дружење, се користат и за места каде слободно можеш да си го искажеш своето мислење.

Овој скопјнаец, на својот Фејсбук профил, видно револтиран, од реалната слика на партиското вработување во Македонија, си го кажа своето мислење, поставувајќи многу прашања, за кои, за жал не може да се најде одговор.

-Ќе најдеме ли нормална работа, ние кои не сме партиски определени. Една нормална и сигурна работа, со редовна плата? Зошто го поставувам прашањето, кога и јас и вие си го знаеме одговорот. НЕ! Нормално дека не... И јас и сопругата сме факултетски образовани. Јас имам правен, а таа економски факултет. Дипломирани сме пред речиси петнаесет години. Јас до сега има сменето многу работи, но никогаш немам земено повеќе од 200 евра плата, а исто и сопругата. Таа како економист помина низ многу фирми во Скопје, но секаде за иста плата, и за мизерни услови. Секако, зошто ќе бараме повеќе кога не сме партиски определени. Кога никогаш не сме биле во штабовите на поголемите политички партии. Не сме се појавиле на ниту еден митинг или пак било кој друг партиски собир. Не сме пишувале на социјалните мрежи, поддржувајќи една, а омаловажувајќи друга партија. Не сме носеле предизборен материјал од врата на врата, со локум и кафе... Зарем имаме право на нешто повеќе? Секако, во Македонија НЕ! Најсмешни ми се кампањите на партиите, кои апелираат младите да останат во Македонија, тука било убаво за живот. Да, убаво, за тие што ќе ги вработите. Се објавуваат огласи за работни места, кои веќе се потполнети. На кога се мачкаат очите? И, да нема да седам тука, бидејќи за мене, и моето семејство нема тука место, нема работа, бидејќи ние немаме партиска книшка. И не само за нас, туку за многу семејства како нашето. Вие не избркавте од Македонија, а ние присилени мораме да кажеме збогум на татковината. Да отидеме некаде, каде што ќе не вработат без партиска книшка...