Ретвитни Оброк #149: Нашето малку за некого е многу, храната не е луксуз и не се фрла, туку се донира

На колку од нас дома ни останува храна која иако е јадлива ќе заврши како отпад наместо да наполни празен стомак? Да ги менуваме навиките со мали но значајни чекори.


Секој може да се вклучи:

- Дојдете на заедничко готвење во Гласност (улица Петар Поп Арсов бр.6) во петок 26.01. во 17 часот.
- Спакувајте ја храната што ви останува од дома или кафана (не е срамота да се земе, срамота е да се фрли ) или едноставно згответе наменски колку што можете и тоа што имате.
Амбалажи за да спакувате храна може да земете од Freshys/Фрешис.
- Дојдете во сабота во 12:30 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза и вклучете се во пакувањето и делењето на оброците
- Контактирајте нè во инбокс, коментар или на телефон за каква било информација околу организација.

Нашето малку за некого е многу, да не заборавиме, храната не е луксуз и не се фрла, туку се донира.