РЕТРО ФОТО: Скопје, пред изградбата на Собранието

Погледнете како некогаш изгледаше центарот на Скопје пред изградбата на македонското Собрание:

Во средиштето на Скопје, во непосредна близина на Собранието на Р.Македонија, се наоѓа заводот за социјално осигурување на работниците или денешна „Специјална хирушка болница -Св. Наум Охридски “(претходно Градска болница). Изградбата на објектот започнала 1931, инаку дело на хрватскиот архитект Драго Иблер и соработник Драго Галич.