РЕТРО ФОТО: Пред земјотресот - дали знаете која е оваа скопска населба?

Со текот на времето додека Скопје растело и оваа населба почнала да се урбанизира.

Оваа фотографија е од пазарчето ‘‘Буњаковец‘‘ пред земјотресот каде се гледа Градежно-Архитектонскиот факултет и ОУ ‘‘Коле Неделковски‘‘, бараката пред школото била на ‘‘Народна Техника‘‘ и тука се продавале материјали по ОТО.

До бараката е куќата на адвокатот Мартиновски а во куќата до неа беше бифето ‘‘Централ‘‘. На местото на бараката на ‘‘Народна Техника‘‘ изградена е библиотеката.

Фото: Фејсбук