”Retro Elektro” 25 години од првата техно забава во градот

Сабота (21 октомври) "VIP" Арена Борис Трајковски во Скопје од 21 часот ќе ги отвори вратите за сите љубители кои сакаат да учествуваат во одбележувањето на 25 годишнината од првата техно забава во градот. 

- Ова е прилика да се потсетиме на домашните и странските хитови кои ја одбележаа музичката техно сцена од 80 и 90 години, во светот и кај нас. Воедно е и можност за заедничка дружба на едно место со генерациите кои доаѓаат по нас.Културно збиднување во нашата метропола кое ќе го означи 25 годишниот јубилеј од првата техно забава во МНТ.Со која градот Скопје почна да живее нов полноќен живот,град со голема техно култура каде продефилираа најзначајните македонски и светски Ди-џеи, чие менаџирање во културно-забавниот живот во градот достигна децениска традиција.

Изборот на музиката им е доверен на десеттина техно диџеи од Скопје и Македонија, познати на скопската јавност од времето кога се oдржуваа ноќните забави во МНТ, Колосеум, МКЦ, Хард Рок.

Свој настап ќе имаат и техно диџеи од музичките програми на македонските радија.Биди дел од големата ретро техно журка за генерациите кои пораснаа и никогаш не стареат.

Нов јубилеј,клубска свирка ,нова одлична техно журка”Retro Elektro” 25 Години од Техно Музиката во Македонија"со нови димензии за одлична забава !