Ретка видео-снимка: Германците влегуваат во Скопје во 1941 година

Македонија за време на Втората светска војна беше под окупација на германски, италијански и бугарски фашистички сили.

Од архивите на француската телевизија Ина излезе пропагадна снимка изработена од германскиот окупатор во 1941 година во која е прикажано движењето на германските сили односно влегувањето во Марибор и во Скопје.