Рестрикции на вода во Центар

Без вода утре од 11:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од улица „Ѓорѓи Скрижевски“ на крстосницата со „Христо Чернопеев“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради давање на водоводен приклучок од Ф 200 на улица „Ѓорѓи Скрижевски“ на раскрсницата со „Христо Чернопеев“ во населба Водно.