Ременски за убиениот Никола: Додека сите бистрат политика ги заборавивме децата

Додека сите бистрат политика на социјални мрежи и контактни емисии, шират нетрпеливост, омраза и поделби, си ги заборавивме децата/внуците - децата кои треба да живеат, а не да се делат и да гинат! Ова го напиша Фросина Ременски од СДСМ на Фејсбук за убиеното момче од Ново Лисиче.

- За таа негрижа и нетрпеливост нема невини, сите сме виновни до еден! Мајчинската тага не познава припадност. Прст на чело! Почивај во мир дете ! Сочувство за семејството за огромната загуба!, напиша таа.

За потсетување, момчето Никола Христовски беше убиено во Ново Лисиче со нож, а за убиството на 17-годишното дете напаѓачот е во притвор.