Ремек делото на Елмас против Летонците (видео)

Синоќа, нашата репрезентација го одигра првиот натпревар од квалификациите за ЕП и ја совлада селекцијата на Летонија со 3:1.

Селекторот и јавноста се задоволни од прикажаната игра на сите наши играчи на овој натпревар, а посебно од играта на Горан Пандев и Елиф Елмас, кој влезе во игра откако се повреди Ибраими.

Токму Елмас, кој влезе во игра во 23 минута од натпреварот, прво во 29 минута го постигна вториот гол за нашата селекција, а потоа пред крајот на средбата со маестрален потег ја запечати судбината на Летонците.