Ректорат и Центар утрово со најлош воздух

Веднаш по врнежите, за несреќа на скопјани, не требаше многу да се врати загаденоста, па утрово во повеќете скопски општини присутството на штетни ПМ10 четички во воздухот е над дозволените граници.

Возухот е со најлош квалитет утринава кај Ректорат - 80 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, а Центар е зад него со 67. 

И Миладиновци и Ѓорче Птетвор утрово се над дозволената граница со 53, а ширум Македонија над дозволената граница загадувањето е во Струмица, 55 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.