Рекорден интерес на завршениот јавен повик за финансирање проекти од областа на културат

Градот Скопје ги информира граѓаните дека на Јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2018 година, кој заврши на 18.12.2017 е евидентиран огромен интерес и пристигнати се рекорден број пријави споредебено со изминатите години.

На годинешниов повик се пристигнати над 600 пријави, што споредебно со ланскиот повик на кој пристигнаа 220 пријави, претставува трикратно зголемување на интересот.

На Јавниот повик имаа право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за култура и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Со оглед на големиот број пристигнати пријави, кои во наредните денови ќе бидат разгледувани од надлежната комисија, резултатите од јавниот повик ќе бидат познати по новогодишните празници и истите ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk, со објавување на Програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Градот Скопје за 2018 година.

Градот Скопје и во иднина ќе ја продолжи големата финансиската поддршка во културата со цел добивање што поквалитетни проекти и програми од оваа област.